Вести Македонија Топ вести

Од 15 часа до 40 без вода – скопјани се снаоѓаат со шишиња и кофи

Жителите на Скопје од населба Железара веќе 40 часа се без вода. Она што беше најавено како зафат од најмалку 15 часа, се претвори во борба за основна потреба – капка вода. На една од највисоките точки во Железара е поставена единствена цистерна од која граѓаните се обидуваат да наполнат шишиња и кофи. Тие велат недоволно е, и предоцна дојде.

Од ЈП „Водовод“ тврдат дека работата е успешно завршена. Се спровел редок зафат кој, како што велат, се прави еднаш на 60 години. Проблемите, според нив, настанале при полнење на мрежата и преголема потрошувачка која го нарушува стабилниот притисок.

„Монтажата на игличест регулационен вентил и поврзувањето на два магистрални цевководи е технички завршена. Мораме постапно да пуштаме вода за да избегнеме дефекти. Утрово се стабилизираше притисокот во Железара, но поради преголема потрошувачка од Чаир, мрежата пак падна. Апелираме за трпение и рационално користење“, информираат од „Водовод“.

Од терен, пак, на булевар „Словенечка“, преку вклучување во живо на социјалните мрежи, се огласи и градоначалничката Данела Арсовска. Таа директно обвини дека граѓани диво се поврзуваат на атмосферската канализација, што, според неа, доведува до дефекти и проблеми од ваков обем.

Проблемот со долгите прекини на вода не е нов за Скопје. Слична ситуација неодамна се случи и во Карпош.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Собранието ќе добие безбедносна зона од 1,5 хектар, со воздушна граница од 100 метри во вис и забрана за протести- ќе предизвика и финансиски трошоци за откуп на земјиштето планирано за приватен паркинг

Дејан Дејан

Универзитетски професор со втор министерски обид и поранешен новинар и маркетинг агент- Собранието ги објави биографиите на предлозите за нов министер и заменик министер

Дејан Дејан

„Ѓаволот е во деталите“ потенцира Арсовски – низок изборен праг може да донесе фрагментирано собрание

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе