Вести Свет Топ вести

Трамп ја зголемува царината за увоз на челик од 25 на 50 отсто

Во февруари ги зголеми на фиксни 25 отсто, сега ги дуплира на 50 отсто. Американскиот претседател Доналд Трамп најави нови царински стапки за увоз на челик и алуминиум, интензивирајќи ја светската трговска војна. Одлуката ја образложи со притисок врз глобалните производители, но и заштита на домашната индустрија и, како што кажа, ќе стапи во сила во среда. Новата стапка би се применувала при увоз на милиони тони на челик и алуминиум од Канада, Бразил, Мексико, Јужна Кореја и други земји кои извезувале во САД без царини.

„Ќе наметнеме зголемување од 25%. Ќе ги качиме тарифите на челик од 25% на 50% во САД, што уште повеќе ќе ја обезбеди челичната индустрија во САД. Никој нема да го заобиколи тоа“, порача претседателот на САД, Доналд Трамп.

Неколку часови претходно тој ја обвини Кина дека го крши договорот со САД за меѓусебно укинување на тарифите и трговските ограничувања за критични минерали. Најновата одлука на Трамп доаѓа и по еден ден од одлуката на Апелациониот суд дека царините, кои ги блокира Судот за меѓународна трговија, може да останат на сила до жалбеното сослушување во постапката.

„Ако немате челик, немате држава. Вие немате држава. Не можете да направите војска. Што да правиме, да одиме во Кина да го земеме нашиот челик за армиските тенкови и за чамците и за бродовите? – Силната челична индустрија не е само прашање на достоинство или просперитет и гордост. Тоа е, пред сè, прашање на национална безбедност“, додаде Трамп.

САД се најголем светски увозник на челик, не сметајќи ја Европската Унија. Според податоците на министерството за трговија, лани во земјата биле увезени 26,2 милиони тони челик. Новата царинска стапка што ја најави Трамп веројатно ќе доведе до зголемување на цената на челикот на сите нивоа и ќе претставува удар и врз индустријата и врз потрошувачите.

Челикот, како метал, се користи при изградба на станови, во автомобилската индустрија и за други производи. Цената на производите од челик се зголеми за околу 16% по преземање на Трамп на вториот мандат во Белата куќа.

Сашко Димовски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе