Вести Македонија Топ вести

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Центарот на македонскиот главен град утре од 17 до 18 часот ќе биде под посебен сообраќаен режим поради одржување на ревијална трка на велосипеди, ролерки, тротинети, детска и трка на родители со бебешки колички, соопшти СВР Скопје.

„Трката ќе почне од пред „Порта Македонија“, десно по должина на улица „Димитрие Чуповски“, десно по улица „Васил Главинов“, право по булевар „ВМРО“, лево по булевар „Илинден“ до крстосница со улица „Наум Наумовски Борче“ – Градски парк кај споменикот на Гоце Делчев“, информира СВР Скопје.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници по сообраќајниците каде што ќе се одвива настанот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе