Вести Забава Култура Топ вести

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Во салата „Борис Трајковски“ во Скопје во тек е концертот на еден од најистакнатите и највлијателните рок бендови од поранешна Југославија „Бијело дугме“, кој прославува 50 години од своето постоење со голема турнеја, насловена „Да се доживее стотата“ (Doživjeti stotu),

Во рамки на турнејата се опфатени 50 концерти во 50 градови. Славеничката турнеја стартуваше во мај 2024 во Домот на млади во Сараево, каде што „Дугме“ го имал еден од првите настапи во 1974.

На концертот во Скопје доаѓаат Горан Бреговиќ, Ален Исламовиќ, Младен Војичиќ-Тифа, Ѓиѓи Јанкелиќ, Огњен Радивојевиќ и Зоран Реџиќ.

-Јас се сеќавам дека кога имав 18 години си велев дека има смисла да се слави, потоа си велев што има да се слави. Дури имав и една песна што има да го славиме тоа дека старееме. Но, потоа тој однос кон староста се менува со годините. Јас се сеќавам кога објавија дека Олимпијадата ќе биде во Сараево јас пресметав и реков дека тогаш ќе имам 38, не 40 ќе имам и таа Олимпијада нема да ме интересира дека ќе бидам стар. Така што се менува тој однос кон годините, изјави Горан Бреговиќ во интервју за Телма.

Интервјуто ќе биде емитувано на програмата на ТВ Телма.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Украинската разузнавачка агенција тврди дека руското военовоздухопловство претпело штета од седум милијарди долари

Дејан Дејан

Шест лица повредени во Колорадо од Молотови коктели

Дејан Дејан

Украина и Русија денеска во Истанбул на втора рунда преговори за прекин на огнот

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе