Кочанското обвинителство ја заврши истрагата во врска со пожарот во „Пулс“ со која се опфатени вкупно 46 осомничени за Тешки дела против општата сигурност. Во следниот период течат законските рокови во кои одбраната може да изврши увид во доказите и да предложи свои докази, по што ќе биде донесена одлука за кого ке има обвинение, информираа од обвинителтвото.
Истрагата ја водеше тим од 13 обвинители собирале докази, сослушале околу 400 сведоци и оштетени, извршиле рапсит и со осомничените. Во доказниот материјал има и повеке вештачења.
- Обезбедени се детални обдукциски вештачења за причините за смрт на секој од починатите, како и за видот и карактерот на повредите кај повредените лица. Изготвени се градежно и хемиско вештачење, со кои се испитаа околностите во самиот објект, безбедносните стандарди, како и начинот на настанување и ширење на пожарот. Во однос на определен дел од документацијата за клубот се вршеше и графолошко вештачење. Од бројни компјутери и мобилни телефони, се вршеше извлекување и анализа на податоци, кои се вкрстуваа со останатите информации добиени во текот на истрагата. Во однос на работата и функционирањето на клубот проверки по насока на јавен обвинител вршеше и Управата за финансиска полиција, стои во соопштението на обвинителството.
За сега нема најави кога ќе заврши истрагата што ја води обвинителството за гонење организиран криминал против 14 полициски службеници. Истрагата во овој дел продолжува до испитување на сите факти и околности велат од обвинителството. Обвинителството се уште остава простор да има и други осомничени доколку на тоа укажат доказите.