Медицинските сестри од тетовската болница излегоа на протест со барање за повисоки плати и регулирање на работниот однос. Некои од нив работат и 10 години со договор на дело.
Раководството вели не е до нас, ние бараме одобрение од Министерство за финансии да им бидат продолжени договорите, „но сè уште чекаме, иако веќе согласност за тоа имаме од Министерството за здравство“, изјави изјава Агим Бериша, директор на тетовска болница.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани.
Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.