Вести Македонија Топ вести

Урнати диви доградби на 10-тина објекти во Струмица – помина рокот од два месеца, вели Костадинов

Апокалиптични сцени осамнаа утрово во центрот на Струмица по вчерашното целодневно рушење на дивоизградените објекти на струмичките кафулиња. Заградените тераси на јавните површини доброволно си ги отстрануваа дел од угостителите, а тие што правеле отпор ги рушеше екипа со механизација на комуналното претпријатие во присуство на општинска градежна инспекција и полиција. Вчера се срушија десетина објекти долж струмичкото корзо и на леблебиџиската улица, места познати по ноќниот живот и кафулињата.

Градоначалникот Костадинов рече дека имале рок од околу два месеца да реагираат и најголемот број од угостителите досега ги отстраниле нелегално поставените објекти.

Дел од угостителите се обидуваа да поттикнат промена на правилниците за користење на јавна површина и тие до последно се надеваа дека ќе успеат, но такво нешто не се случи.

Дел од граѓаните не сакаа да коментираат за овие активности. Немо гледаа како се руши и само прокоментираа дека институциите веројатно знаат што прават, но други велат дека треба да се стави ред и дека не можеле да се движат поради узурпираните површини.

Рушењето на бесправно изградените објекти во Струмица следува по трагедијата во Кочани, кога Владата преку надлежните министерства, а потоа и општините нареди вонреден инспекциски надзор за работата на дискотеките и угостителските објекти.

Сузана Мицева

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Арсовска ги донесе доказите во обвинителството – дојде со документи за еден предмет, а најави уште 150

Дејан Дејан

Бараат правда и медицинска заштита на повредените – роднините и пријатели на загинатите во „Пулс“ на нов марш во Кочани

Дејан Дејан

Воените инвалиди ја бараат ветената поддршка – велат дека институциите молчат за нивните барања, дописи и апели

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе