„Како да се спаси Амазон“ беше една од главните водилки кои новинарот Дом Филипс ги имаше пред да биде застрелан во Амазонија. Во неговото долгогодишно искуство британскиот новинар се стремеше да ги открие најтемните страни на прашумата Амазон, но и да пронајде решение како да биде сочувана и заштитена.
Во 2022 година откако исчезнаа заедно со туризмологот Переира, тие набргу беа пронајдени од Бразилската федерална полиција, убиени и оставени во моторниот чамец кој бил потопен во реката Итакоаи во Амазон, во северен Бразил.
Колегите на Филипс по три години ги сосредоточија делата на Филипс во книгата „Како да се спаси Амазон“. Освен новинарите од „Гардијан“ каде работеше убиениот новинар, дополнително и колегите од агенцијата „Асошиејтед Прес“ допринесоа во завршување на книгата.
„Ова беше во чест на нашиот пријател, а исто така и за да се даде изјава за солидарност за новинарите дека дури и ако убиете новинар, не можете да ја замолчите приказната“, рече Џонатан Вотс, еколошки новинар со седиште во Амазон за „Гардијан“, кој е коавтор на предговорот и едно од поглавјата.
Низ повеќе од 300 страници од завршената книга, фрагменти од надеж се мешаат со мрачната реалност за Амазонија, а како еден од заклучоците во книгата е дека 16 отсто од бразилската Амазонска шума веќе е претворена во пасишта.
Семејството и блиските на Филипс дадоа поддршка за изработка на книгата со цел да остане запечатено животното дело на новинарот, кој животот го остави таму кадешто ги бараше одговорите на тогашната, а сега завршена приказна.