Вести Економија Македонија Топ вести

ЕСМ ги достави пресметките за новата цена на струјата за домаќинства до Владата

ЕСМ ги направи пресметките за новата цена на струјата за домаќинствата и малите потрошувачи и веќе доставени се до Владата. Ова за Телма го потврдија од компанијата. Според, досегашната пракса сега овие анализи на владина седница треба да се разгледуваат. Потоа, понудата за новата цена по која ЕСМ ќе ја продава својата струја на  Универзалниот снабдувач во следниот период на 4 јуни ќе треба да ја достави на повикот на ЕВН ХОУМ.

Од Регулаторна претходно соопштија и дека  МЕПСО и Електродистрибуција сега нема да доставуваат барања до нив, туку тоа ќе го направат во ноември.

Сепак, за тоа каква ќе биде цената на домаќинствата најмногу зависи од понудата на ЕСМ.

Според, информациите електрани успеале да ја намалат својата  производната цена која надминуваше 100 евра за мегават час.

Од друга страна пак се произведува помалку заради појава на вишоци поради што МЕПСО доби дозвола да исклучува производители, а последно поради оваа појава се случи речиси цела Македонија да остане без електрична енергија повеќе од еден час.

Од тука се поставува прашањето дали може би овие два параметри ќе бидат доволни за да се направи некаква надолна корекција на цената на струјата. Сега, ЕСМ својата струја за домаќинствата и малите потрошувачи ја продава по 62 евра за мегават час.  Дел од познавачите не очекуваат да има промени.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

„Нема да замолчиме, не ја штитете полицијата“ – пораки од денешниот Марш во Кочани

Дејан Дејан

Арсовска ги донесе доказите во обвинителството – дојде со документи за еден предмет, а најави уште 150

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе