Верници најавуваат протести за поддршка за предлогот Епископ Партениј како кандидат за митрополит на Дебарско-кичевската епархија, но и поради начинот на избор на нов митрополит на оваа епархија. Тие се зачудени како Архиепископот Стефан со еден кандидат како предлог се оддржува избор. Велат дека за да има избор, потребно е да има предложено повеќе кандидати.
Архиепископот Стефан го предлага новоизбраниот монах Георгиј за нов митрополит на Дебарско-кичевската епархија, дознава религија.мк од извори во синодот на МПЦ-ОПА. Архиепископот денеска го испратил предлогот до членовите на синодот, а седницата за избор ја закажал за 12 јуни оваа година.
Протестот е најавен пред резиденцијата на поглаварот на МПЦ-ОА во 12 часот. Собирот се организира под мотото „Гласот на народот – глас на бога“.
Отец георгиј или поранешниот декан на богословскиот факултет и ексамбасадор во Ватикан, Ѓоко Ѓоргевски беше замонашен на 27 мај.