Издвојувањето на 5 отсто од БДП за одбрана ќе зависи од рокот што ќе биде поставен. Ако е на периодот поголем од пет години, мислам дека нема да биде оптоварување за Македонија, рече Славјанка Петровска, поранешна министерка за одрбана и актуелна пратеничка во собранието од редовите на СДСМ, во вечерашнбата „Топ тема“ на ТВ Телма.
„Седум години до 10 години е прифатлив рок, за Македонија би било остварливо. Ако се направи или продолжи оној план што ние го започнавме, за паметна одбрана и правил но користење на ресурсите, тогаш за Република Северна Македонија мислам дека нема да биде проблем. И она што е важно., како што се зголемува процентот, буџетот, за одбраната, да не трпат останатите сектори во државата. Особено не оние ранливи категории, социјална помош, итн., плати, пензии и се она што значи нормално функционирање на државата на сметка на зголемувањето на одбранбениот буџет“, смета Петровска.
Инаку, како што дознава Телма, Македонија е една од земјите кои прифатиле да издвојува пет проценти од буџетот за одбраната, односно во моментов против тој предлог на САД е само уште една држава членка. Новина е што петте проценти всушнот ќе бидат кумулација на средствата кои директно се издвојуваат за одбраната – за одржување, модернизација и опремување на армијата и од сегашниот праг од два проценти, тој процент ќе се зголеми на 3,5 проценти, односно за 1,5 процентни поени повеќе од досега ќе се издвојува за т.н. „тврда одбрана“.
Преостанатите 1,5 процентни поенти до петте проценти кои се бара да се издвојуваат за одбраната, всушност ќе се пресметуваат средствата издвоени за градење и одржување на инфраструкутура која НАТО ја смета за стратешка, како што е Коридорото 8 во Македонија, потоа трошоците за сајбер безбедност, безбедноста на границите, агенции за разузнавање кои не се одбранбени, а кои средства досега не им се пресметувале на земјите како трошоци за одбраната.
Со пресметувањето на овие трошоци во трошоците за одрбана, всушност ќе им се олесни на членките да го достигнат прагот од пет проценти од националниот буџет за одрбаната.
Рокот за зголемување на прагот од два на 3,5 проценти директно издвојување од буџетот за одбраната би требало да се достигне за седум години.