Над 15 илјади средношколци од цела држава утре ќе го полагаат првиот екстерен испит од државната матура – мајчин јазик и литература.
Испитот е задолжителен за сите матуранти, а според Државниот испитен центар, пријавени се 9.969 ученици за македонски, 4..339 за албански, 292 за турски и 10 за српски јазик.
Најмногу ученици се пријавени од стручните училишта, потоа од гимназиите, а најмалку од уметничките училишта.
Вториот екстерен испит, кој е изборен, ќе се одржи на 11 јуни. Најголем број ученици избрале да полагаат англиски јазик.
Испитите ќе се одржат во училиштата што ги исполнуваат техничките услови, додека за останатите ученици се обезбедени простории на факултетите.
Над 2.000 тестатори ќе го надгледуваат процесот. Учениците кои нема да ја положат матурата во јуни, ќе добијат втора шанса во август.