Uncategorized Вести Македонија Најважни

Арсовска дојде пред финансиска полиција – тврди дека заплашувале жени кои работат во Град Скопје

Градоначалничката на Град Скопје денеска пред Финансиската полиција дојде откако оттаму службеници денес во утринските часови отишле кај  раководителката на Секторот за уредување и планирање на Град Скопје Ивана Бајкова-Шаља и ја повикале да дојде да даде исказ за одреден предмет од пред неколку години.

Арсовска рече дека на ваквиот начин функционерите на „Вреди“ кои се власт ѝ вршат притисок и ја заплашуваат Бајкова-Шоља, бидејќи таа изјави дека зградите дивоградби во Чаир се небезбедни и може да предизвикаат поголема трагедија од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Во преносот во живо на социјалната мрежа „Фејсбук“ Арсовска го побара заменик-директорот Илбер Имери од „Вреди“ за да отидат заедно дома кај Висар Ганиу за да постапат за неговите криминали.

„Утрово по брза постапка отидовме дома кај Ивана, а кај Висар и Изет не одите. Како бе, Илбер, по дома им одите на луѓето да ги заплашувате? Ако сакате некакви информации ќе си дојдете кај нас во Град Скопје и ќе си побарате, а не по дома да им одите и да заплашувате жени. Како експресно отидовте кај Ивана, а за Вики десет дена објавувам докази за криминал и никому ништо? Што не им отидете дома на Висар и Изет за да ги донесете на разговор?“, рече Арсовска во видеото кое попладнево го објави на нејзиниот фејсбук профил од пред Финансиската полиција.

На видеото се гледа како Арсовска влегува во зградата на Финансиската полиција и бара да биде примена од заменик-директорот Имери. По кусо време обезбедување ѝ рече дека Имери е на  одмор.

„Се пресметувате бранејќи криминалци со чесни луѓе, нели ви е срам, никој не ви се плаши тука. Ние фативме 150 ваши дивоградби, вие треба да се плашите. Овој едниов се спремал ќе бега преку граница, и да бегаш бе Ејупе, побрзо да побегнеш зошто сите документи што си ги потпишал ти ги имаме и од утре ќе ти ги објавувам. Исто важи и за вас Висар и Изет“, рече Арсовска и обвини дека Ганиу во Катастарот за недвижности ги брише сите предмети од систем.

Две недели градоначалничката на Скопје објавува за дивоградбите во Чаир и упатува обвинувања кон градоначалникот Ганиу дека истите се незаконски, бидејќи се легализирани со фалсификувани документи.

Градоначалникот Ганиу вчера рече дека секаде во Скопје имало дивоградби не само во Чаир, а ако имало нешто незаконско во неговото работење ги повика институциите да постапат.

Игра на чекање – кој прв ќе повлече потег за тврдењата на градоначалничката Арсовска?

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе