Од полицијата ни одговорија на повеќе прашања поврзани со посетите на Данела Арсовска на Чаир и обвинувањата за дивоградбби, закани и фалсификати, како и за посетата на скопската градоначалничка на Аеродром и на сепарцаија за песок на реката Вардар.
Од МВР ни одговорија дека преземаат активности, за некои сознанија го известиле обвинителството, барале документи од град Скопје, но не добиле официјални информации и пријава од Арсовска за закани кон неа и нејзиното семејство.
-Во врска со вашите прашања упатени до ООЈСП (наш бр. 16.1043/1) а поврзани со проблематиката на бесправно градење најпрво ве информираме дека околу наводните упатени закани кон градоначалничката на Град Скопје од страна на градоначалникот на општина Чаир и од правно лице кое врши ископ на песок, во СВР Скопје до овој момент пријава за такво нешто не е поднесена, ни одговорија од МВР.
За двете градилишта за кои Арсовска обвинуваше дека се дивоградби на државно земјиште и предизвикуваат штети врз инфраструктурата во Скопје, скопската полиција асистрирала на повик на инспекциите и прибира информации.
-Околу случајот со постоење на бесправни градби на територијата на општина Чаир а коишто се констатирани по извршени инспекциски надзори од страна на надлежни вработени од Град Скопје, ве информираме дека од страна на СВР Скопје се постапува по предметните настани. Притоа, на 24.05.2025 година по пријавен настан од страна на инспектори од Град Скопје е излезено на лице место на ул.„Афузпашина“, превземени се мерки и активности, а меѓу другото извршен е и разговор со инспектор од Град Скопје при што од негова страна е појаснето дека станува збор за бесправно изграден објект, и дека освен тој објект на истата улица имало уште еден бесправно изграден објект за кој е направен инспекциски надзор од нивна страна (за што на 22.05.2025 од нивна страна имало и јавна објава). Извршени се и разговори со лица затекнати на посочените објекти и изготвен е соодветен службен материјал, велат од МВР.
Исто така, од страна на СВР Скопје доставен е допис до Град Скопје заради обезбедување на целокупната документација која се однесува на предметните настани. За сите превземени мерки и активности од страна на СВР Скопје до ОЈО Скопје е изготвено Писмено известување, ни одговорија од МВР со посочување дека обвинителството е известено за нивните активности за откривање.
За последната „посета“ на Чаир од страна на Данела Арсовска завчера пред нов објект за кој тврди дека е изграден после 2011-та со што не може да се легализира согласно законот и покажа документи за кои тврди дека се фалсификат направени во општината Чаир.
-Во однос на настанот од 27.05.2025 ве известуваме дека од страна на СВР Скопје исто така беше излезено на лице место, на ул.„Џон Кенеди“ каде што беа превземени потребните службени дејствија, изготвен е службен материјал, а по обезбедување на дополнителен материјал во врска со горенаведениот настан до ОЈО Скопје ќе биде доставен соодветен поднесок.
Скопската полиција била на лице место и во Лисиче, Аеродром на ископ на песок за кој Арсовска тврдеше дека е без дозвола.
-Во врска со наводите за узурпација на државно земјиште при ископ на песок во општина Аеродром, дека СВР Скопје постапуваше по пријавен настан, при што е излезено на лице место, преземени се активности во содејство со Државниот инспекторат за животна средина. До СВР Скопје се уште нема доставено никаков поднесок по однос на извршениот инспекциски надзор од страна на овластени инспектори од Град Скопје кои беа излезени на лице место по нивна иницијатива,ни одговорија од МВР.
Од МВР констатираат: Воедно нагласуваме дека СВР Скопје (скопската полиција) е во тесна координација со ОЈО Скопје (скопско обвинителство), ќе преземе и дополнителни мерки и активности во насока на целосно расчистување на случаите.
Меџити: Арсовска шири лажни информации за зградата и е инструмент на Али Ахмети