Вести Македонија Топ вести

Обвинетите во „Адитив“ не чувствуваат вина, почна судењето за случајот

Никој не призна вина од обвинетите во случајот „Адитив“ на денешното рочиште во судницата во Идризово. Обвинети се 32 физички и 5 правни лица. На поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски кој е во бегство ќе му се суди во отсуство. Обвинети за неколку кривични дела се и неговиот наследник Васко Стефанов, како и екс директорите на РЕК Битола, Пеце Матевски и на ТЕЦ Неготино, Небојша Стојановиќ и поранешните комерцијални директори на ЕСМ, Адријан Муча и Данчо Стојановски.

Ја злоупотребиле набавката на адитив за потребите на РЕК Битола и РЕК Осломеј. На фирмата „Браинкоде“ која го добила тендерот ѝ овозможиле да се стекне со имотна корист од 6,4 милиони евра. Дел од обвинетите примале пари, ги пуштале во оптек, извршувале пренос на средствата и подигнувале готовина во износ од 6,7 милиони евра.

Меѓу обвинетите е и велешанката Маја Јорданова, сопственичка на фирмата „Браинкоде“. Екс директорот Стојановски ѝ е роднина. Адитивот бил со цена неколку пати повисока од пазарната, а на вработените им предизвикал и здрваствени проблеми. Обвинителката Трајкова вели дека обвинителството има многу докази и очекува пресуда со која ќе се изврши и конфискација на имот. А на обвинителна клупа освен семејството на Стојановиќ, односно неговата сопруга, брат и татко е уште едно семејство Алексовски за изгрување на тендерот и за перење пари.

Во однос на претседателката на ДКСК, Татјана Димитровска која е осомничена дека му  оддавала службени тајни на Стојановиќ, обвинителката информираше дека истрагата е во тек и дека податоците од нејзиниот телефон кои се во голем број се екстрахирани и се анализираат.

ЕСМ на судењето побара оштета во вредноста на тендерот. Судењето продолжува на 26 јуни со воведни зборови на одбраната. За еден од обвинетите постапката ќе се одвива одделно бидејќи е на домашно лекување.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ревијална трка со велосипеди, ролерки, тротинети и трка на родители со бебешки колички – Скопје утре под посебен сообраќаен режим

Дејан Дејан

Против воведување на еврото, сакаат да го задржат левот – протести во Бугарија против влез во монетарната унија

Дејан Дејан

ОЈО: Градоначалничката Арсовска да ги посочи парцелите за кои се сомнева дека има незаконитости

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе