Кратко траеше „љубовта“ меѓу светскиот шампион во МотоГП, Хорхе Мартин, и Априлија. Шпанецот ќе го напушти тимот по завршувањето на оваа сезона.
Мартин официјално објави дека ќе ја искористи клаузулата која му дозволува да го раскине договорот со Априлија доколку по шест трки не е во борба за шампионската титула. Оваа 2025 година е негова прва во италијанскиот тим, но досега настапи само на една трка поради серија повреди на стартот од сезоната.
По освојувањето на шампионската титула со Прамак Дукати минатата година, Мартин потпиша двегодишен договор со Априлија. Сепак, поради неповолните околности и недоволна конкуренција за врвот, тој реши да ја активира клаузулата за раскин. Потврди дека следната, 2026-та година, сака да се приклучи на нов тим.
Според шпекулациите, Хонда е најзаинтересирана за потписот на Мартин.