Вести Економија Топ вести

Курсот на денарот ќе остане врзан за еврото и покрај економските предизвици, тврди новиот гувернер Трајко Славески

Македонија станува прескапа за трговските партнери, а тоа негативно се одразува на домашниот извоз , но и туризам . Поради високите цени земјава ја губи конкуренцијата, а странските агенции ги откажувале и аранжманите со образложение дека тука е скапо. Ова го вели новиот гувернер на Народната банка, Трајко Славески. Појасни дека тоа се  случува затоа што вредноста на денарот се зголемува, заради инфлацијата. Смета дека треба да се работи на тоа домашниот извод да  ја врати својата конкурентност.  Како и со какви мерки не откри, но уверува дека курсот на денарот и натаму ќе остане врзан за еврото.

„Ова значи дека ќе треба инфлацијата, стапката на инфлација да ја држиме во рамки на онаа во еврозоната. Тоа што имавме стабилен фиксен девизен курс изминатиов период се должеше на една единствена причина, нашата стапка на инфлација беше во рамките на онаа во еврозоната со која е врзан денарот“, вели новиот гувернер на Наеродна банка Трајко Славески.

Познавачите објаснуваат дека има два начина за да се подобри конкурентноста на една економија, а тоа е преку пониски цени и подобар квалитет.

„Пониски цени на извоз може да се постигнат преку девалвација и преку намалување на платите. И двете би биле погубни за нас. Девалвацијата во овој момент треба да се избрише од македонскиот речник како термин. Од друга страна, апсолутно мора да има политика за плати, зошто македонскиот просечен граѓанин живее дупло полошо од европскиот. Апсолутно мора да има политика за раст на платите за да се подобри животниот стандард и ако сакате да имате раст. Затоа единствен начин за подобра економија е подобар квалитет и тоа е добредојдено, но не сум сигурен дека во тоа надлежност има НБРМ, освен ако со банките не направат некоја програма за кредитирање за поддршка за иновации“, вели Бранимир Јовановиќ од Виенски институ за меѓународн студии.

Јовановиќ смета дека Централната банка во моментно е во незгодна ситуација. Од една страна треба да ги намали каматите за да се развива економијата, но од друга инфлацијата е сè уште висока. Сепак, смета дека до крајот на годината треба да се намалат со образложение дека инфлацијата не е зголемена, заради тоа што домаќинствата многу трошат, туку затоа што компании го прават поскапувањето, но и државата да воведе политики за стабилност на цени.

Трајко Славески денеска даде свечена заклетва во Собранието. Со 68 гласа „за“, и 16 „против“ тој вчера беше избран за нов гувернер на НБРМ.

Славески доаѓа на местото на Анита Ангеловска Бежоска и е шести гувернер на Централната банка.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе