Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп издаде наредба за амбасадите на САД да запрат со закажување на термини за студентски визи, паралелно со подготовките за проширување на процедурата за проверка на студентите на социјалните мрежи.
Во копија на меморандумот испратен до дипломатските претставништва, државниот секретар Марко Рубио рече дека паузата ќе трае „до издавање на нови насоки“.
Тој додаде дека проверката на социјалните мрежи ќе биде засилена за студентски визи и визиза размена, пренесува „Си-Би-Ес њуз“.
До засилените проверки дојде по тврдењата на Трамп дека дел од американските универзитети се премногу „левичарски“ иоти промовираат антисемитизам.
Претседателот на САД неодамна се обиде да му забрани на „Харвард“ да запишува странски студенти, наредба чија примена ја одложи федерален судија.