Вести Македонија Топ вести

ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на кандидати за 25 општини – за Град Скопје се уште мистерија

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ излезе со листа на 25 градоначалници кои ќе се тркаат на претстојните локални избори. Од нив избрани се за Аеродром  Дејан Митески, за Бутел e Дарко Костовски, за Ѓорче Петров е Александар Стојкоски, за Чучер Сандево е Зоран Бајовски, за Штип е Иван Јорданов, за Велес Марко Колев, за Свети Николе е Дејан Владев, за Карбинци е Виктор Паунов, за Градско е Киро Нацков, за Кавадарци е Митко Јанчев, за Гевгелија е Андон Сарамандов, за Зелениково е Коста Маневски, за Илинден Александар Ѓоргиевски, за Конче – Златко Ристов, за Делчево – Иван Гоцевски, за Ново Село е Ѓорге Божинов, за Василево е Славе Андонов.

Дополнително за Босилово е избран Ристо Манчев,  за Берово е Петар Ружински, за Петровец е Борче Митевски, за Битола е Тони Коњановски, за Охрид е Кирил Пецаков, за Вевчани е Спасе Кочовски, за Брвеница е Јовица Илиевски и за  Јегуновце е избран Димитар Костадиновски.

За најактуелната позиција за градоначалник Град Скопје се уште не е одлучено, а меѓу главни имиња се сегашниот градоначалник на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски и министерот за локална самоуправа Златко Перински.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе