Вести Македонија Топ вести

Се намалуваат царинските стапки за 70-тина производи – Финансии предложи, владата прифати, собранието треба да ги усвои

Министерството за финансии предложи, владата ги усвои измените и дополнувањата на Законот за царинската тарифа со кои се пристапува кон намалување на царинските стапки на околу 70 стоки, главно суровини и репроматеријали кои се користат од страна на индустријата во земјата.

Измената, како што соопшти денеска Министерството за финансии, е дел од Програмата за работа на Владата 2024-2028 година со која е предвидено постепена хармонизација на царинските стапки со стапките кои се применуваат во ЕУ, адаптирано на извозно-увозните потреби на стопанството и на државата.

„Оттука, во рамки на предвидената постепена хармонизација, во јули 2025 година ќе се изврши намалување за 50 отсто на разликата помеѓу царинските стапки што се применуваат за увоз на предметните стоки кај нас и царинските стапки за истите кои важат во ЕУ, со интенција за понатамошно доусогласување“, велат од Министерството.

Посочуваат дека наведената законска измена е во насока на зголемување на конкурентноста на домашните компании кои извезуваат на странските пазари и зголемување на македонскиот извоз како и зголемен девизен прилив, а се очекува и зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата.

Со намалувањето на царинските стапки, посочуваат од Министерството за финансии, директно ќе се помогне во секторите на автомобилска, метало-преработувачката индустрија, металургијата и енергетиката.

„Со предложените законски измени е опфатено намалување и на царинските стапки за литиум јонски батерии за складирање на електрична енергија во секторот енергетика. Целта е да се помогне во енергетскиот сектор, во насока на зголемување на своите капацитети, зголемување на извозната конкурентност, и се очекува зголемување на инвестициите и бројот на вработувањата“, се наведува во соопштението.

Предлог-законот за измени и дополнување на Законот за царинската тарифа ќе биде доставен во Собранието на усвојување.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Спорот меѓу Македонија и Бугарија не е толку комплициран за да не може да се реши вели италијанскиот амбасадор во Македонија

Дејан Дејан

Виктор Дулон-Виду: Во време на економска криза културата е прва на удар  

Дејан Дејан

Полицијата го одзела камипнчето со кое групата на Висар Ганиу истураше ѓубре пред Град Скопје, Ганиу ја оправдува постапката поради сметот кој го гледаат туристите во старата скопска Чаршија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе