Украинскиот претседател Володимир Зеленски со предлог за трилатерален состанок со претседателите на САД и на Русија, Доналд Трамп и Владимир Путин, со цел унапредување на мировните преговори за војната во Украина. Истовремено го повика Вашингтон да воведе нови санкции кон Москва.
„Подготвени сме за формат Трамп – Путин и јас“, порача Зеленски.
„Ако на Путин му е непријатно да има билатерален состанок или ако сите сакаат трилатерален состанок, немам ништо против. Подготвен сум за кој било формат“, додаде тој.
Според него, најреални места за мировни преговори се Швајцарија, Турција и Ватикан.