Вести Македонија Топ вести

Димовски: Не би сакал за секоја посета на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија

Во вечерашната Топ Тема дебатираат поранешен пратеник, Илија Димовски  и новинарот Борјан Јовановски.

Димовски е на ставот дека за брзо време се примиле сигналите дека едностраниот пристап не бил прифатлив дури и во Брисел, што е некаква мала победа за македонската страна.

„Ѕидот којшто претходно беше кажуван дека не возможен разговор да се случи и можеби напукнува и тоа треба да биде наша борба. Благодарение на протоколите кои се потпишани едните од Бујар Османи другите од Никола Димитров кои не се солидни и не се прифатливи и се поголема е бројката на луѓе кои не ги прифаќаат, веројатно ги следите анкетите таа бројка кај македонскиот етнички сегмент веќе поминаа над 80 проценти“ вели Илија Димовски. 

Тој посочи дека е умерен за волјата на Брисел за брзи или артикуларни решавања на Западниот Балкан како таков.

„Сепак треба да потсетам дека воопшто немаме некаков сериозен прогрес во смисла на реформите од највисоко ниво. Треба да бидеме малку реалисти јас не би сакал секоја посета индивидуална или партикуларна на европски високи официјални лица нас да не фаќа еуфорија“ додава Димовски. 

Јовановски објаснува дека станува видлив процес за интегрирање на други земји во ЕУ една година по започнувањето на руската инвазија на Украина. Сепак го потенцираше фактот дека македонската влада ѝ да не прави многу за да го добие вниманието на Брисел.

„Не сум сигурен дека владата многу прави за да го добие вниманието од Брисел, мислам дека Брисел покажува поголема потреба и желба отколку ние го сакаме тоа. Во Брисел има една слика дека Македонија како да го губи компасот“ изјави Борјан Јовановски. 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе