Вести Македонија Топ вести

Данела Арсовска врши опсада на Чаир, се сеќаваме на 80-тите кога се рушеа куќи на Албанци на „Дижонска“ – Општината на Висар Ганиу се огласи по обвинувањата на скопската градоначалничка за дивоградби, фалсификат и закани

Општина Чаир е под опсада, реагираше со војничка терминологија синоќа општината, откако скопската градоначалничка Данела Арсовска го обвини градоначалникот Висар Ганиу дека употребувал фалсификувани документи при легализација на стан во зграда дивоградба.

„Општина Чаир изразува разочарување поради фактот што г-ѓа Арсовска, во последните месеци од нејзиниот мандат на чело на Градот Скопје, наместо да се фокусира во презентација на сработеното во изминатите четири години, дозволи да биде инструментализирана и да се претвори во извршител на сомнителни политички агенди, кои не случајно го одбраа токму Чаир и неговите жители да ги бијат нивните последни политички битки“, соопштија од општината.

Во реакцијата нема детали ниту објаснувања за наводите за фалсификат ниту за обвинувањата на Арсовска дека чаирскиот градоначалник и се заканувал на нее и нејзиното семејство. Општината раководена од Ганиу смета дека станува збор за туѓа политичка агенда која ја спроведува Арсовска и произведува кризи таму каде што нема.

„Сликите кои што ги приреди г-ѓа Арсовска како забава за масите, во меморијата на Чаир ги вратија настаните од крајот на 80-тите години, кога на Албанците им се рушеа куќите во Дижонска, додека политичарите Албанци се криеја некаде низ „сараите„ на политиката. Прочитани сте.  За оваа опсада на Чаир, нарачателите ќе добијат соодветен одговор многу брзо“, порачуваат од општината.

Пред зграда во Чаир, Данела Арсовска го обвини градоначалникот на Чаир за закани, фалсификат и криминална легализација на дивоградби- Висар Ганиу пред влада на промоција за е-возила

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) Се урна глечер во Швајцарија, збришано цело село на Алпите

Дејан Дејан

Писмо од СДСМ до Сиљановска – договорот е ништовен, бидејќи е потпишан од потпретседател на државата

Дејан Дејан

Консументи чувствувале вртоглавица – пронајдени траги од канабис во Харибо гумени бонбони во Холандија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе