Вести Македонија Топ вести

Британски рејтинг за македонски заем – каматата ќе биде под 4,5 проценти

Гаранцијата и кредитниот рејтинг на Обединетото Кралство се клучниот фактор кој ќе влијае на каматата под која ќе се повлекуваат средствата од заемот од 6 милијарди евра и затоа од Владата очекуваат тој да биде под 4,5 проценти.

Грејс периодот останува пет години од моментот кога ќе се повлечат средствата но сите останати детали се уште се утврдуваат и прецизираат соопшти денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Обединетото Кралство има кредитен рејтинг „ААА“ за разлика од Македонија која во зависност од кредитни агенции има рејтин од „ББ минус“ или „ББ плус“ и тоа ќе влијае на висината на камата која нема да надмина 4,5 проценти.

Мицкоски појасни дека за секој проект за кој ќе се повлекуваат средства ќе се оди на меѓународниот пазар, повикот ќе го распише Министерството за финансии, а се очекува да учествуваат до 20 потенцијални кредитори, европски банки и ќе се избере најповолната.

 Не гарантираме ние со нашиот кредитен рејтинг туку Обединетото Кралство со неговиот кредитен рејтинг. Пресметајте каматна стапка три пати А. Зарем некој може денеска да зборува за коруптивна зделка со Обединетото Кралство. Оној кој што е подготвен да финансира вакви проекти со одредена и конкурентна каматна стапка ќе биде избран. Не можеме ние отсега да знаеме дали таа финансиска институција со која преговаравме ќе биде најконкурентна. Таа ќе биде избрана само под услов да биде најконкурентна. Затоа не е дел од договорот, бидејќи таа процедура тој отворен дијалог конкурентен допрва ќе се случува, рече премиерот.

Кога станува збор за грејс периодот, премиерот потврди дека ќе трае пет години од повлекувањето на првите средства, за кои очекува да бидат на 1 јануари 2027 година, но не појасни дали во овој период од пет години каматата ќе се пресметува и ќе биде капитализирана бидејќи тие детали би се договарале во преговори со финансиската институција која ќе биде избрана.

Финансиските услови не се уште до крај договорени. Во случајот имаме пет годишен грејс период и првата фактура доколку одлучиме да биде таа банка би доспеала на први јануари 2027 година, изјави мицкоски.

Првиот проект кој го најави Владата е изградба на брза железница на Коридорот 10, односно од Богородица до Табановце и реконструкција на постоечката а тој би чинел и до две милијарди евра, а со реконструкцијата се очекува годишен прилив на средства од транспортот на стоки и патници со кој би се покривале дел од средствата земени од британскиот заем.

Во рамките на договорот за соработка во областа на безбедност, на седница на Владата е одобрен меморандум за разбирање со британска компанија која ќе инвестира во производен капацитет околу 300 милиони евра, а тој би носел профит од половина милијарда евра за државата, но повеќе детали ќе се откријат откако ќе се потпише договорот, бидејќи засега има клаузула за доверливост.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Милановиќ: Ниту една земја повеќе нема да влезе во ЕУ, освен можеби само Црна Гора

Дејан Дејан

Сојузниците во НАТО треба да издвојат пет отсто од БДП за одбрана – Рубио на средбата со Муцунски во Вашингтон

Дејан Дејан

Нема логика да се чека за носење на измените на Изборниот законик, смета Калеска-Ванчева

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе