Вести Економија Топ вести

Попусти за оние кои разумно трошат струја и сами си ги читаат броилата

Попуст во сметките за струја за домаќинствата кои сами ќе си ги читаат броилата и кои разумно ја трошат струјата. Ова е едно од барањата на Здружението на инженери за кое се дискутирало на тричасовниот состанокот во Регулаторната комисија за енергетика кој се одржал пред два дена.

Претседателот на РКЕ Бислимовски во петокот кажа дека во моментов е подобро домаќинствата да се едуцираат како самите месечно да си ги читаат броилата, отколку Електродистрибуција да вложи милиони во кадар и опрема за да може да го прави тоа.

Од здружението велат дека тоа ќе помогне да се намалат паушалните сметки.

Сметката ќе ја добиете самите сте се отчитале, ќе добиете сметка колку што потрошиле електрична енергија и доколку се наоѓате во првиот и во вториот блок значи сте потрошувач кој што штеди електрична енергија да добиете соодветен попуст затоа што сте самотчитани, вели Дејан Димовски од здружение на инженери на Македонија

Се зборувало и за можноста да се зголеми периодот во коj домаќинствата ќе можат да користат дневна евтина струја. Од Здружението сметаат дека простор за такво нешто има без да се укинат или да има измени во оние часови на евтина струја кои домаќинствата сега ги имаат на располагање.

Да се разгледа од 12 до 17 имаме евтина часовна електрична енергија на берзите и тогаш да се разгледа можноста од сегашниот опсег, да се прошири за час или два и да се разгледа можноста дали може да се прошири и во сабота дел од викенд терминот за зголемување на дневна евтина тарифа, додава Димовски. 

За ова од РКЕ претходно неколку пати соопштија дека се прават анализи, се следат пазарите и цените и во најскоро време ќе се знае дали и за колку ќе може да се зголеми периодот на дневна евтина тарифа, а да не се укине онаа во ноќните часови која граѓаните имаат навики да ја користат.

Од здружението не очекуваат да има промени ниту во цената на струјата. Сметаат дека ЕСМ нема да понуди пониска цена од сегашните 62 евра за мегават час по која што им ја продава на ЕВН ХОУМ за домаќинствата и малите потрошувачи.

Инаку, проблемите со паушалните сметки ескалираа зимава кога граѓаните добија повисоки фактури, по што Регулаторна побара да се испорачаат нови.

По, ова побара од Електродистрибуција да направи пресметка колку би ги чинело месечното читање на броилата. Според, анализата нивната почетна инвестиција би била околу 10 милиони евра за да обезбедат луѓе, возила, уреди за читање, опрема, а секоја наредна година  за плати и одржување на опремата ќе трошат по 7 милиони евра.

По, оваа пресметка се увиде дека парите компанијата подобро е да ги инвестира во паметни броила нешто што им се налага и со новиот Закон за енергетика, а до тогаш граѓаните да добијат водич како самите редовно да ги читаат броилата, а податоците да им се овозможи да ги прикачат на страната на Електродистрибуција каде што се наоѓаат податоците за нивните фактури.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Енрике Лејче: „Харвард“ можност да запознаете прекрасни луѓе од цел свет

Дејан Дејан

КОД: Трае истрагата за Крмзов

Дејан Дејан

Инспекциите на потег за бесправната експлоатација на коритото на Вардар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе