Повеќе лица се повредени во напад што се случи утрово во холандскиот град Хофдорп, јавија локалните медиуми. Меѓу нив и полициски службеник кој е превезен во болница.
Полицијата, во соопштение на платформата Икс, информира дека околу 6 часот примила дојава за напад на улицата „Фани Бланкерс-Коенлан“.
„Повеќе лица се повредени, меѓу нив и еден наш колега. На терен се бројни итни служби и тим за итни медицински интервенции (ММТ). Подрачјето е оградено. Истрагата е во тек. Следуваат повеќе информации“, соопшти локалната полиција.