Вести Економија Топ вести

Проект нема, ќе се изгради ли брзо, брзата пруга?

Проект за брзата пруга нема. Тој допрва ќе се прави заедно со луѓе од градежниот факултет. Се уште, не е потпишан ниту договор за парите од Обединетото Кралство од кои треба да се изводи за овој проект, но од МЖ Инфраструктура со оптимистички најави.

Првичните активности ќе бидат на есен, а очекувањата се дека  македонскиот дел од коридорот 10 ќе биде готов за период од 5 години.  Иако, во земјава има проекти како на пример автопатот Кичево Охрид на кој се работи една деценија и се уште не е готов, но и пругата кон Бугарија за која исто се зборува со години,  надлежните за брзата пруга не размислуваат за никакво негативно сценарио.

Не размислуваме воопшто на негативно сценарио во овој случај точно е во есен ќе има градежни активности, но тие се припремни,  геолошки, геотехнички истражувања и прочистување на терен, но правата силна механизација која ќе дојде на терен со 300,  400 или 500 луѓе би требало да биде до крајот на годинава или најдоцна догодина ова време, вели директорот на МЖ Инфраструктура, Синиша Ивановски.

За пругата кон Бугарија, проект за кој македонската Влада не беше расположена да ја гради со образложение дека завршува во слеп тунел, се уште се зборува дека до другата страна не изгледа дека има желба за овој проект.

Имаме усвоени ставови дека тунелот мора да пробиен само од една страна и на техничко ниво има решение кое им одговара на двете страни но кога доаѓа политичкиот момент изгледа желбата е само на една страна, додава Ивановски. 

Инаку, брзата пруга односно железничкиот Коридор 10, почнува од Австрија,  продолжува кон Словенија, Хрватска, Србија,  поминува низ Македонија и завршува во Грција.

Македонскиот дел од овој коридор е од Табановце до Гевгелија. Покрај ова се планира и модернизација и на железничката станица во Скопје.

Инаку, двете претпријатија и МЖ Транспорт и Инфраструктура,  се меѓу оние со доспеани а неплатени долгови, кои достигнуваат и до 60 милиони евра.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЕУ и Велика Британија го направија првиот чекор во ресетирање на односите по Брегзит

Дејан Дејан

Полицијата со кривична пријава за градоначалникот на Крива Паланка за урбана опрема пред кафеана, Митовски обвини за политички притисок со прашање до каде е пријавата за загадување со цијанид

Дејан Дејан

Кој калкулира, а кој менува страна – најави за средби и разговори неделава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе