Вести Македонија

Кој има експрес-брзи прсти за да се вработи во ресорот кај Богоески- образовната агенција Еразмус+ пред Велигден распиша оглас за вработување кој трае само 5 дена

Портпарол со средно школо или евентуално Вишо и тројца надворешни соработници за спорт, меѓународна соработка и за европски образовни програми се работните места кои ги распиша Националната агенција за европски образовни програми и мобилност.

На огласот кој има и печатни, но и сериозни грешки во цитирањето на броевите на одлуките, Агенцијата бара серија услови и документи за да може заинтересираните да конкурираат. За тоа имаат само 5 работни денови разделени со 4-дневниот празничен велигденски викенд.

Кандидатите треба да достават 8 различни документи кои треба да ги приберат во краткиот рок од 5 дена, меѓу нив и доказ за работно искуство и лекарска потврда за здравствена состојба. Не се бара сертификат за странски јазик за да се избегне некој кандидат да се појави со фалсификуван, па се користи формулацијата „Доказ на активно познавање на еден од трите најчесто користени јазици на Европската унија (англиски, француски и германски)“. Не се бара доказ неосудуваност и дека не се води кривична постапка.

За трите позиции за надворешни соработници се бара завршен факултет од општествени или хуманистички науки. Единствено за позицијата „надворешен соработник за односи со јавност и комуникација“ не се бара факултет ниту ден работен стаж.

Кратките конкурси од по неколку дена беа посочувани како ризик за корупција и однапред избрани кандидати за работните позиции, а тоа го наведуваа и организациите кои го следат трошењето на парите на граѓаните од државниот Буџет, но и членовите на Државната комисија за спречување на корупцијата.

На почетокот на неделата, за нов директор на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност беше именуван Петар Богојески, претседателот на помалата политичка партија Македонски концепт за кого поради речникот на социјалните мрежи и пријавите за ширење на говор на омраза и дискриминација е побарано разрешување.

Богоески пак посочи дека јавните објави против него се обид за јавен линч на него и на неговото семејство и дека се споделуваат фотографии од профили на социјални мрежи кои не се негови туку отворени последните денови.

Разрешување на Петар Богојески од функцијата директор за европски образовни политики бара мрежата за заштита од дискриминација поради неговите навреди и постапката за говор на омраза

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Алијансата и Таравари одлучија со свои листи да одат на локални избори, но да останат во “Вреди”

Дејан Дејан

Трамп: Можеби Харвард треба да го изгуби фискалното ослободување

Дејан Дејан

(видео)Централното претседателство на крилото на Арбен Таравари од АА- без конкретен одговор дали е можно и евентуално напуштање на Владата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе