Вести Македонија Топ вести

Гласен еко-активизам, тивки институции за случајот во Тораница

Да и се одземе А интегрираната дозвола на рудникот Тораница и кривично да одговара, ова го побара иницијативата о2 по еколошкиот инцидент во Крива река. Освен за фирмата, кривична или друга одговорност да има и за инспекторите кои дента по хаваријата во рудникот не си ја завршиле својата работа.

Во почетокот имавме поднесено до инспекциски совет исто да се утврди одговорноста и да се провери дали во ред постапиле државните инспектори, бидејќи сметавме дека не постапиле и тоа се потврди. Имаме одговор дека тројца инспектори од ДИЖС не постапиле како што налага законот. Така да сега следиме,треба самиот државен инспекторат или да изрече дисциплиснка мерка или нешто друго. Следиме што ќе се случи понатака, вели Невена Георгиевска од о2 иницијатива.

Екологистите прашуваа зошто инспекторите не зеле мостри и дали е точно дека се работи за луѓе кои имаат блиска врска со рудникот. Државниот инспекторат на тоа им одговори дека инспекторите самостојно работат во својата проценка дали ќе земат анализи во тој момент, но и дека поднеле барање до антикорупциска да утврдат дали има или не судир на интереси.

Три дена по овој прес Телма прати прашања до антикорупционерите, дали отвориле предмет и истражуваат ли за судир на интереси на инспекторите, и доколку да што утврдиле, одговори до сега не добивме. Информации ни најавија во текот на следната недела.

Случајот го истражува и јавното обвинителство кое оформи предмет за да утврди евентуална кривична одговорност за загадувањето на Крива река од рудникот Тораница.

На 14-ти март пукна цевка во Тораница од која како што тврдеа од фирмата концесионер истекла техничка вода која не е опасна. Градоначалникот Сашко Митовски обвини дека Крива река е загадена со цијанид и олово, токму од рудникот.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВРЕДИ не го исклучи Таравари, туку се самоисклучи, вели Меџити

Дејан Дејан

Еден месец по трагедијата во Кочани0 двајца во критична здравствена состојба

Дејан Дејан

Влатко Стефановски: Секогаш е присутен идеалот да се оствари тоа што се сонува

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе