Вести Економија Топ вести

Неколку дена помлаки радијатори – ремонт на цевка во Бугарија ја намали испораката на гас

Од денеска, па сè до 5 април, ќе се намали испораката на топлинска енергија во домовите. Ова известување доаѓа од ЕСМ Снабдување, откако од дистрибутерот „Номагас“ им најавиле дека во овие денови ќе се ограничи испораката на природен гас од Бугарија, поради технички зафати на цевката таму.

Од ЕСМ се надеваат дека поради ова, на домаќинствата нема да им биде нарушен комфорот. Најавите и за неделата се дека ќе има нестабилно време.

„Очекуваме дека овие редукции нема значително да влијаат на комфорот на потрошувачите, односно нема да има намалување на температурите во становите од 20+1оC“, се вели во дописот од ЕСМ.

Во известување од „Номагас“ стои дека станува збор за ремонтни зафати на системите за пренос на природен гас на земјите од Југоисточна Европа и гасоводот „Турски тек“.

„Поради ремонт на цевката во Бугарија се намалува протокот на гас кон Македонија и во овие денови ќе се испорачуваат само 10 отсто од вкупните потреби. Во иста ситуација е и Грција“, велат за Телма од „Номагас“.

Тврдат и дека вообичаено во земјата, каде се прават вакви ремонтите активности, одлучуваат колкава ќе биде испораката на гас. Грејната сезона, според правилникот за топлинска енергија, трае до 15 април. Но, во зависност од температурите, може или да се продолжи или да биде скратен овој период.

Инаку, со последната одлука на РКЕ, поради зголемување на цената на гасот, но и поради тоа што ТЕТО не испорачувал 60 отсто од потребите како што се очекувало, од февруари годинава цената на парното порасна за 5 отсто.

Тогаш од комисијата кажаа и дека граѓани се жалат на млаки радијатори, па побара од ЕСМ да ја подобри испораката. За корисниците, пак, на ЕСМ Енергетика и Скопје Север парното на крај на февруари поскапе за над 5 проценти.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе