Вести Свет Топ вести

Над 1.700 загинати, 3.400 повредени и 300 исчезнати – биланс по земјотресот во Мјанмар

Светската програма за храна започна со дистрибуција на помош во Мјанмар по разорниот земјотрес со јачина од 7,7 степени според Рихтеровата скала што ја погоди земјата во петокот. Властите досега потврдија 1.700 загинати, но спасувачките операции сè уште се во тек, тимовите и натаму извлегуваат тела од под урнатините. Над 3.400 луѓе повредени, над 300 се водат за исчезнати, а причинета е огромна материјална штета.

Покрај штетите од земјотресот, напорите на спасувачките тимови се комплицирани и од крвавата граѓанска војна што го зафати поголемиот дел од Мјанмар, вклучително и во областите погодени од земјотресот. Владините сили во 2021 година ја загубија контролата врз поголемиот дел од земјата, а многу места се опасни или невозможни за пристап на хуманитарните групи. Според Обединетите нации, повеќе од 3 милиони луѓе се раселени поради борбите, а речиси 20 милиони имаат потреба од помош.

Помош најави и американскиот претседател Доналд Трамп. Земјотерсот во Мјанмар е првиот голем тест за одговор во неговиот втор мандат по кратењата на странска помош на неговата администрација преку американската Агенција за меѓународен развој и Стејт департментот. Директорот на Светската програма за храна, Мајкл Данфорд најави дека се водат преговори со владата во Вашингтон и изрази оптимизам дека ќе дојде до ново финансирање на Програмата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Денес во Кочани деветти собир „Марш за ангелите“ посветен на жртвите од пожарот

Дејан Дејан

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе