Вести Свет

Француското обвинителство бара седум години затвор за Саркози

Француското обвинителство побара седумгодишна затворска казна и парична казна од 300.000 евра за поранешниот претседател Никола Саркози, кој се соочува со обвиненија за незаконско финансирање на кампањата од режимот на сега починатиот либиски владетел Моамер Гадафи.

На Саркози му се суди од јануари под обвинение за прикривање на проневера на јавни средства, пасивна корупција, незаконско финансирање кампања и криминален заговор за извршување кривично дело.Обвинителот Себастиен де Ла Туан ги опиша обвиненијата против Саркози и другите 12 обвинети како „корупција од висок интензитет“.

Де Ла Туан рече дека Саркози склучил „фаустовски пакт за корупција со еден од најомразените диктатори во последните 30 години“. Обвинителите побараа и петгодишна забрана за политичка активност и користење на одредени привилегии. Надвор од судницата, адвокатите на Саркози им рекоа на новинарите дека бараните казни се строги и неосновани и дека тој е невин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе