Вести Македонија

Битолчани на втор протест против изградба на Регионална депонија во Новаци

Граѓани од Битола попладнево протестираа пред општинската зграда изразувајќи го својот револт против изградба на Регионална депонија во близина на постоечката, нестандардна Мегленци.

Бараат, надлежните да најдат друга локација, затоа што не веруваат дека институциите имаат капацитет да ја одржуваат по европски стандарди и да не загадува депонијата каде смет ќе одлагаат 18 општини од Југозападниот регион.

Ова е втор протест во Битола против изградба на современ центар за управување со отпад. Советот на општина Битола, претходно,  донесе заклучок со кој  бара од Владата, во чија надлежност е овој проект, промена на локацијата за изградба на Регионалната депонија.

Покрај до Владата  овој заклучок е доставен и до петте битолски пратеници.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Рим денес продолжуваат преговорите за иранската нуклеарна програма

Дејан Дејан

Загинати 80 лица во американските напади врз Јемен

Дејан Дејан

Нови дигитални услуги на МВР достапни на интернет

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе