Вести Македонија Топ вести

Тошковски: Прскалките во дискотеката ги донел член на ДНК кој е меѓу починатите, концертот бил одржан на диво

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани настанал од употреба на пиротехнички средства прскалки, кој ги донел член на групата ДНК кој е меѓу починатите, соопшти министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски на прес-конференција попладнево.

„Во критична состојба се вкупно 45 лица и се транспортираат во странство за нивно соодветно згрижување и лекување. Од она кое го имаме утврдено досега од извршен разговор со членови од групата ДНК, пиротехничките средства прскалки ги донел членот кој сега е починат. Во СВР Скопје и СВР Тетово се приведени пет лица со кои се врши разговор, меѓу кој и поранешен министер за економија, како и 13 лица на подрачјето на СВР Штип од кои 11 се во краткотраен притвор од 48 часа“, изјави Тошковски.

Тој истакна дека над 20 лица се осомничени за целиот настан. Според Тошковски, пиротехничките средства кои беа причина за пожарот, ги донел бендот ДНК.

„Концертот било одржан на диво, без писмен договор со изведувачите“, истакна Тошковски.

Во диското имало 500 лица на продадени 250 билети. Вчера бил извршен разговор со градоначалникот на Кочани и ако се утврди дека сторил нешто незаконско, ќе сноси одговорност.

„Македонија нема систем со правила на игра кои би превенирале ваков ужасен настан. Имаме системски слабости кои оневозможуваат контрола. Констатиравме дека системот во Македонија е корумпиран на тоа ниво што можеме да кажеме дека има катастрофална состојба на постапување на институциите“, потенцира Тошковски.

Министерот најави дека и денеска ќе бидат приведени голем број лица од различни институции, меѓу кои и МВР.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Горан Бреговиќ и како да доживееш стота: Концерт на Бијело Дугме во Скопје

Дејан Дејан

„Ние загубивме се, вие уште имате за што да се борите“ – порака на роднините на жртвите во „Пулс“ до полицијата и обвинителството

Дејан Дејан

Загина 33-годишна жена, повредени шест лица, меѓу кои и деца – тешка сообраќана несреќа на автопатот Тетово – Гостивар

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе