Останато Спорт

Одермат продолжува со шампионската доминација (ВИДЕО)

Марко Одермат ja осигура четвртата титула во низа во генерален поредок и во велеслалом во рамки на Светскиот куп во алпско скијање. Денеска во Хафјел имаше комплетно швајцарски подиум.

Лоик Мелјард победи на денешната велеслаломска трка во норвешкиот ски-центар со вкупно време по двете возења од 2 минути, 18 секунди и 20 стотинки. Зад него финишираше Марко Одермат, кој со второто место и математички ја обезбеди титулата во генералниот поредок, што за него е четврта по ред, но исто така ја освои и четвртата титула во низа во велеслалом. Денеска во Хафјел швајцарскиот подиум го комплетираше Томас Тумлер.

Одермат уште претходно ја освои титулата во супер велеслалом, а на финалниот тркачки викенд во Сан Вели во САД идниот викенд ќе се обиде да дојде и до трофејот во спуст, каде исто така е лидер.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Македонските ракометари останаа без пласман во главната фаза на младинското СП

Дејан Дејан

Рекордни 20 екипи во новата сезона на Евролигата

Дејан Дејан

Мбапе во болница – неизвесен за следниот меч на Реал Мадрид на СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе