Вести Економија Топ вести

ССМ и бизнисот се сложуваат државата да ги субвенционира придонесите за да растaт платите – на потег е Владата

И од ССМ и од бизнисот се сложуваат придонесите за раст на  минималната, но и на другите примања да ги субвенционира државата. Двете страни се со сличен предлог околу ова прашање. Но, останува да се види дали ќе успеат да ја убедат Владата за да може да ги качат платите. Од организацијата на работодавачи велат дека и во минатото имало Закон за стимулирање на повисоки плати и дека би било добро повторно да се воведе.

Тоа значи дека минималната плата да биде 24 400 денари ама ако работодавецот одлучи да исплати 30.000 за таа разлика да не плаќа придонеси. Тоа е голем стимул за работодавачите да не се плаќаат придонеси, вели за Телма Ангел Димитров од Организацијата на работодавачи 

Предлогот од ССМ  пак е минималецот да се качи на 30. 500 денари, а за разликата од 6.000 денари, од законскиот износ кој треба да изнесува 24. 400 денари,  работодавачите да бидат ослободени од повисоки придонеси 12 месеци. Но , не само за минималната туку и за другите плати.

Сепак, од бизнисот велат дека сега за ова треба да пресече Владата, од каде  барем до сега не се изјасниле дека поддржуваат субвенционирани придонеси.

Премиерот Мицкоски пак пред неколку дена кажа дека како ќе се договорат синдикатите и работодавачите така ќе постапат, а ако нема договор ќе се оди со законското решение за минималецот.

Нов состанок наскоро треба да има, но за тоа да се случи се чека Владата да формира нова комисија која ќе ја потврди репрезентативноста на ССМ. На следната средба треба да се зборува и околу пресметката на синдикалната кошничка која за премиерот е спорна.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Меџити: „Вреди“ нема да остане со девет пратеници, четворица од Европски фронт ќе се приклучат кон мнозинството

Дејан Дејан

(Видео) Силјановска Давкова: Не го разбирам потегот на Таравари да излезе од влада

Дејан Дејан

(Видео) Сиљановска Давкова: Во понеделник наутро ќе го поднесам мојот предлог за гувернер на Народната банка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе