Вести Економија Топ вести

ССМ бара минимална плата од 500 евра, а придонесите да ги субвенционира државата

Синдикатите бараат минимална плата од 500 евра, оние 450 за кои притискаат речиси една година повеќе не се во игра. Идниот месец минималецот треба да се зголеми на 24. 500  денари. Од ССМ пак предлагаат да биде 30.500 денари, а за разликата од 6.000 денари, работодавачите да бидат ослободени од придонеси,  односно да бидат субвенционирани 12 месеци.

Овој предлог деновиве ќе го пратат и до Владата и до Собранието. Со дел од бизнисот имале средба и генерално се со сличен став околу минималецот. Премиерот Мицкоски пак чека да види дали двете страни ќе постигнат договор.

-Тоа не зависи од Владата, тоа зависи дали работниците и работодавачите ќе постигнат договор и дали ќе има таму консензус и ние како влада ќе го подржиме тој договор во спротивно ќе одиме според законот, вели премиерот христијан мицкоски

Минималната плата е само една од темите за која се очекува да се отвори дискусија на новиот економско – социјален совет, кој најверојатно ќе биде во март. Владата се уште нема формирано Комисија која треба да ја потврди репрезентативноста на ССМ нешто без што не може да се одржи средбата меѓу владата, работодавачите и синдикатите.

-Сега, репрезентативноста е истечена. Очекувам дека може би утре или на некои од наредните седници да се формира таа комисија, да одреди репрезентативност и откако ќе одреди ќе ја одржиме седницата. Минималната плата може да се донесе и во месец март, не мора да биде на крајот од февруари, додава мицкоски.

Уште една точка на која треба да се дискутира е и пресметката на кошничката, која стана спорна. Откако премиерот Мицкоски рече дека некои работи во нејзе му се чудни, сега и за министерката за финансии Кочоска е спорно тоа што во кошничката има грашок во конзерва и дека едно четиричлено семејство пие 13 литри млеко.

Во синдикалната минимална кошничката на синдикатите влегуваат 63 производи и најголем дел од нив се и во онаа на Државниот завод за статистика каде има над 200 продукти и која ДЗС ја објавува еднаш во годината.

Ирена Чачкова 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина застреланиот странец во Штип, убиецот пробил полициска блокада на патарина, но е уапсен

Дејан Дејан

Променливо облачно со сонце и нестабилно – Временска прогноза за 10.5.2025

Дејан Дејан

Извршен увид по пукање со огнено оружје во Штип

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе