Според Законот за малолетни лица судија на претходна постапка му одреди посебни мерки на 17-годишното момче со косовско потекло и жител на Скопје, кој со автомобил ауди на скопските улици прегази две деца, негови врсници.
Тој не смее да управува со моторно возило, не смее да ја напушта државата и задолжително треба да се јавува на суд.
Сообраќајката која се случи синоќа во населбата Шуто оризари ја предизвика малолетник без возачка дозвола.
Според пријавата во полиција на расксницата од ул.„Дринска“ и ул.„Галичица“ во скопската населба Шуто оризари, патничко возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 17- годишен малолетник, удрило во пешаците со иницијали С.И. на возраст од 18 години и 17-годишна малолетна девојка и двајцата од Скопје.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил 18-годишникот С.И., додека малолетничката се здобила со телесни повреди, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ .