Вести Свет Топ вести

Келог: Европа ќе биде исклучена од мировните разговори

Европа ќе биде консултирана, но ќе биде исклучена од мировните разговори помеѓу САД, Русија и Украина, изјави специјалниот претставник на Доналд Трамп за Украина, Кит Келог.

– Можеби звучи непријатно, но ви кажувам искрено. А, на моите европски пријатели би им рекол: вклучете се во расправата без да се жалите дали ќе бидете на преговарачката маса или не, нудете конкретни предлози и идеи и зголемувајте го трошењето за одбраната“, изјави претставник на Доналд Трамп за Украина.

Келог кажа дека една од причините зошто пропаднале претходните мировни разговори Русија-Украина е што биле вклучени премногу држави кои не биле способни да го спроведат тој процес.

Нема да ја повториме таа грешка, кажа Келог на маргините на Минхенската безбедносна конференција.

Паралелно францускиот претседател Емануел Макрон за утре ги поканил европските лидери во Париз да разговараат за ситуацијата. Ваквата информација ја потврди полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски.

Володимир Зеленски претходно предупреди дека Европа веројатно ќе биде исклучена од преговорите. Тој повика да се формира европска војска во која Украина би имала централна улога.

Клучните прашања се да се обезбеди војната да не започне повторно по прекинот на огнот и да се утврди дека Украина го задржала својот суверенитет. Ова ќе бара веродостојна безбедносна гаранција, но Трамп се уште не е во позиција да дефинира таква гаранција, рече Келог.

Погодени од вчерашниот конфронтирачки говор на американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс во Минхен, европските лидери се се позагрижени за пристапот на Трамп кон мировните преговори за Украина и стравуваат дека може да се постигне договор кој ќе биде поволен за САД, но ќе има долгорочни импликации за безбедноста на Украина и Европа.

Зеленски одбил да ја потпише понудата на Трамп со која тој побара Украина да им испорачува ретки минерали на САД

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од 3.000 лиценци, прегледавме 2.810 и одземени се 427 – вицепремиерот Николоски за состојбата во градежништвото

Дејан Дејан

Почина Светлана Броз, внуката на Јосип Броз Тито

Дејан Дејан

Тројца убиени, 14 повредени – масовно пукање во САД

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе