Вести Македонија Топ вести

За пет дена 200 возачи фатени без возачка дозвола во Скопје

Околу 200 лица управувале возило без возачка дозвола на скопските улици, 19 возачи биле затекнати под дејство на алкохол, а кај 50 возачи било констатирано дека управувале нерегистрирано возило. Дополнително, 695 возачи биле фатени како возат со брзина поголема од дозволената.

Овие податоци ги изнесе министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во интервју за магазинот „360 степени“. „Секој втор исконтролиран возач во изминатите пет дена во Скопје сторил прекршок. Од вкупно 5.440 исконтролирани возачи, кај 2.592 биле констатирани сообраќајни прекршоци“, изјави министерот.

Тој нагласи дека примарната цел на засилените контроли е почитувањето на сообраќајните правила и зголемувањето на безбедноста, а не полнењето на буџетот. Тошковски посочи дека проблемот со големиот број сообраќајни жртви – кои во изминатите три години е околу 400 – мора да се решава системски, со темелен и интердисциплинарен пристап.

Тој нагласи дека санкциите се само еден дел од целиот процес за подигнување на безбедноста во сообраќајот, кој бара долгорочна стратегија и координација меѓу институциите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Африм Гаши останува дел од ВРЕДИ, парламентарниот спикер се оглас по шпекулациите дека и тој ја напушта коалицијата

Дејан Дејан

Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес

Дејан Дејан

Воз удри во автомобил кај Зелениково – МВР соопшти дека нема повредени

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе