Вести Македонија Топ вести

Зошто нашите градови се небезбедни?

Фросина Кулакова, Викторија Николова и Фросина Цековска кои трагично ги загубија своите животи на Партизанска минувајќи прописно на пешачки премин се само три случаи меѓу стотиците загубени животи во сообраќајни несреќи на овој булевар и уште многу низ земјава. На ова потсетија од Иницијативата „Кој е следен?“

И што е променето во овие десет години. Дали коловозните ленти на Партизанска се стеснети? Дали е ставен фокус на младите луѓе како целна група која непрописно вози и најчесто е виновна за сообраќајните прекршоци и судири со тешки последици. Дали казните се посериозни, дали е воведен „безбеден град“ системот за казнување или сите работи добро ги знаат оние кои треба да ги спроведат. Но поради политичка волја решаваат да ги одложат до некое наредновреме. До нечиј туѓ мандат, се со цел да не се изгувбат политички поени. Во меѓувреме не се губат поени се губат животи, вели Ива Петровска.

Група граѓани ја блокираа крстосницата кај Зоолошката градина за да побараат безбедност на улиците. Велат тоа е  основното нешто што секој град мора да го гарантира за своите граѓани.

А безбедноста не подразбира само полиција  на улиците и покрај тоа што во моментов тоа е тоа што ни е најпотребно. Исто така како што не подразбира само камери на семафорите. Безбедноста меѓудругото подразбира и функционален јавен превоз кој директно ја намалува потребата за коли во градовите, смета Игор АНТОВ од Иницијатива „Кој е следен“.

Важно е точно да се одредат „црните точки“ во сообраќајот за кои е потребна соработка со Министерството за внатрешни работи, вели Шекутковска која има развиено софтверско решение за идентификување на критичните црни точки во Скопје.

Додека работев на софтверското решение, на кодот стигнав до момент каде што од МВР ми стигна access denied грешка, што значи дека ми забранија пристап до податоците кои што се јавни и се во билтенот на МВР. Сега моментално добивме поддрша од ИТ организации и испраќаме барање до МВР и се надевам ќе ни биде одговорено позитивно, рече шекутовска.  

Во рамки на денешниот уличен форум беше испратена порака дека безбедноста во градовите мора да се подигне на највисоко ниво, за што постојат конкртетни и изводливи решенија.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе