Вести Македонија Топ вести

НАЈНОВА ВЕСТ: Пеце Мирчески приведен во полициска станица заедно со сопственикот на рент-а-кар ВИП Сервис

Поранешниот директор на СОЗР, Пеце Мирчески е приведен во полициската станица Кисела Вода откако денеска Финансиската полиција му отвори истрага за злоупотреба и финансиски малверзации извршени за време додека бил директор.

Заедно со Мирчески уапсен е и сопственикот на рент-а-кар сервисот ВИП, кој е опфатен со истата истрага.

Како што дознава Телма, станува збор за едно отуѓено возило од СОЗР. Фирмата „В.И.П. сервис дооел“ на второосомничениот Горјан Пехчевски којашто соработувала со службата и која се занимава со изнајмување возила, купила возило „Пасат“ од СОЗР. Потоа, Мирчески го возел автомобилот и по престанувањето на функцијата директор.

Според последните информации и Мирчески и Пехчевски се приведени во полиција. Откако ќе дадат свој исказ во станица, ќе бидат изведени пред судија на претходна постапка.

Детали за истрагата на Финансиска полиција за екс-директорот на СОЗР, Пеце Мирчески

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обвинителството за сите 14 полицајци во истрагата за Кочани побара мерки на претпазливост, притворот укинат и на 7-те од првата група осомничени

Дејан Дејан

(Анкета)Битолчани и вечерва на протест против  Регионална депонија  

Дејан Дејан

Телма интервју со Еленко Миланов, адвокат на екс министрите за економија Бектеши и Незири за случајот во Кочани

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе