Вести Економија Топ вести

Почна средбата во влада за минимална плата од 450 евра

Точно напладне почна состанокот во владата помеѓу синдикатите, владата и работодавачите. На средбата присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, како и и министерот за економија и труд Дурмиши.

Освен за зголемените трошоци на граѓаните и високите цени, тема на средбата на Социјално-економскиот совет ќе биде и висината на минималната плата.

Синдикатите бараат минималната плата да биде најмалку 450 евра. Работодавачите претходно дадоа предлог во рок од една година да не плаќаат придонеси за зголемената минимална плата.

Денешната средба во Економско-социјалниот совет се очекува да биде клучна за одлуката за минималната плата која ќе важи од март 2025 година. Синдикатите инсистираат на зголемување на минималната плата на 450 евра, сметајќи дека ова е неопходно за работниците да може да ги покријат основните потреби. Предупредуваат дека сегашната минимална плата од 22.500 денари е недоволна и ги принудува работниците да бараат дополнителни извори на приход, што ги поставува во тешка социјална позиција.

Од друга страна, работодавачите предлагаат зголемување на минималната плата на 500 евра, но со услов дека државата ќе ги покрие зголемените придонеси за пензиско и инвалидско осигурување. Тие сметаат дека високиот раст на минималната плата може да доведе до ризици за микро и мали претпријатија, кои ќе се соочат со проблеми во усогласувањето на платите на сите вработени.

Работодавачите исто така изразуваат загриженост дека компаниите може да се решат за намалување на бројот на вработени или за исплата на пари на рака за да ги избегнат високите трошоци.

Владата, пак, се обврза да ги почитува одлуките што ќе бидат постигнати на преговорите, но исто така нагласува дека решенијата мора да бидат во согласност со законските обврски и да се води сметка за балансирање на интересите на сите страни. Преговорите се водат во контекст на растечките протести и незадоволства, особено во јавниот сектор, каде што работниците бараат зголемување на платите, што додатно го усложнува процесот.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Зеленски задоволен од склучениот договор за минерали со САД

Дејан Дејан

Според ИНСТАТ на аеродромот во Тирана во првиот квартал од годинава регистрирани се  2 милиони патници

Дејан Дејан

САД инвестираат 500 милиони долари за универзални вакцини

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе