Вести Свет Топ вести

Реки народ низ српските улици – Генерален штрајк во земјата

Река народ низ улиците на српските градови на денешниот генерален штрајк во земјата, на кој повикаа студентите. Вака медиумите го опишуваат денешното искажување незадоволство во Србија, а кое пак експертите го оценија како проверка на расположението кај Српскиот народ за посериозни протести против владата.

Денешниот генерален штрајк опфаќаше повеќе форми на искажување незадоволство и отпор против владините политики и генералната ситуација во општеството. Од протестни прошетки и 15 минутен молк, до бојкот на работата и блокирање сообраќајници.

Многу продавници и мали бизниси денеска исто така не работат, а некои од нивните сопственици ја покажаа својата креативна страна на влезовите поставувајќи написи „Затворено поради технички проблеми“ или „попис“.

Заканата од страна на Министерството за образование не ги заплаши средните и основните училишта да се приклучат на генералниот штрајк. Наставниците и професорите ги поведоа учениците на протестни прошетки низ градовите кои завршија со 15 минутен молк во чест на жртвите од несреќата во Нови Сад.

Властите не се задржаа само на закани за намалување на платата за учесниците во протестите, туку низ цела Србија беше забележливо засилено полициско присуство. Опозиционерите кои го блокираа автопатот Нови Сад – Белград беа приведени, додека пак вработените во покраинската влада на Војводина целото работно време го поминаа заклучени во зградата во Нови Сад.

Протест се одржа и во Јагодина, каде подоцна денеска српскиот претседател Александар Вучиќ ќе одржи митинг на кој ќе промовира ново граѓанско движење, кое според него ќе ја обедини Србија.

Студентите кои беа иницијатори на овој генерален штрајк најавуваат дека искажувањето граѓанска непослушност ќе продолжи, и во таа насока креираа веб страница со часовник кој одбројува до 27 јануари. Властите пак, ги обвинија дека работат за странски разузнавачки служби со цел уривање на владата.

Протестите во Србија започнаа по несреќата во Нови Сад, каде на железничката станица падна настрешницата, со барање одговорност за смртта на 15 лица.

Игор Трајков

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе