Вести Македонија Топ вести

Македонското прашање е отворено додека не влеземе во ЕУ, вели Мицкоски

Македонското прашање не е затворено сè додека земјата не стане полноправна членка на Европската унија (ЕУ). Вака премиерот Христијан Мицкоски ја дообјасни својата изјава дадена пред два дена во САД дека македонското прашање не е решено.

„Македонското прашање нема никогаш да биде затворено додека главните и стратешки цели не се реализираат, а тоа е полноправна членка на ЕУ, прво. Второ, вие знаете дека судот за човекови права има донесено плејада од пресуди кои што се однесуваат на човековите права на македонската заедница во нашиот источен сосед, коишто не се почитуваат. Вие гледате дека во 21 век дека сè уште е предизвикан и македонскиот идентитет“, изјави Мицкоски.

Мицкоски денеска, освен што повтори дека македонското прашање не е затворено, рече и дека би било предавнички од негова страна ако каже поинаку.

За рекацијата која на неговата изјава стигна од официјална Атина, дека за Грција таа претставува провокација, иредентистичка изјава и непочитување на Договорот од Преспа, Мицкоски одговори со психоанализа.

„Не знам каде се препознале, дали можеби имаат грижа на совест, па работи потсвеста. Фројд е чудна работа. Но, јас нема да навлегувам во таква дебата“, изјави Мицкоски.

Мицкоски, кој отвореното македонското прашање го поврза со европскиот пат на земјава и односот на Бугарија кон македонското малцинство, денеска изјави дека тој е подготвен да иницира средба со новиот бугарски премиер, бидејќи, како што рече, не гледа ништо лошо да се разговара и да се најде заеднички јазик, но во разговорите како олеснувачи да се вклучат и ЕУ и САД.

Тамара Грнчароска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(ВИДЕО) Уникатна изведба на „Кармина Бурана“ со симфониските оркестри од Македонија, Грција и Бугарија

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе