Вести Македонија Топ вести

СДСМ: Скандал во СОЗР, роднини на директорот дел од тендер вреден 3,5 милиони евра- Томовски негира

„На повидок е голем роднинско-корупциски скандал поврзан со работата на директорот на СОЗР, Ивица Томовски. Тендер вреден 3,5 милиони евра добила фирма во која роднина на директорот Томовски станува раководител на подружница од истата фирма во ек на самата тендерска постапка“, тврдат од СДСМ приложувајќи и документи на денешната прес- конференција.

Според СДСМ, СОЗР, орган во рамки на Владата склучила договор за обезбедување на државните објекти со компанијата „Праеториан ДООЕЛ“, вреден 3,5 милиони евра. Од партијата велат дека Огласот за тендерот бил распишан на 10 октомври 2024 година и до тогаш, компанијата е во сопственост на Тадеуш Јарчев, а управител е Анета Јарчева. Но, само осум дена подоцна, во ек на огласот, односно на 18 октомври, Власе Танаскоски, роднина на Томовски, влегува во „Праеториан ДООЕЛ Скопје“.

  • Регистрирана е подружница во Охрид и за нејзин раководител е избран токму роднината на Томовски, Власе Танаскоски. Адресата на подружницата се совпаѓа со седиштето на компанијата „Гашо Пласт“, чиј сопственик е уште еден близок роднина на истиот функционер, велат од СДСМ и додаваат дека ова е класичен пример за злоупотреба на функцијата и директен конфликт на интереси.

СДСМ бара итна реакција од Антикорупциската комисија, Јавното обвинителство и сите надлежни институции. Неопходно е целосно да се истражи случајот и да се утврди одговорноста за овој скандал.

Фабрикуваните наводи за мои семејни врски со „Праеториан“ нема да ме спречат да продолжам со посветена работа за доброто на државата, се вели во ракцијата испратена од медиумите од Ивица Томовски, директор на СОЗР.

  • Службата за општи и заеднички работи со компанијата „Праеториан“ склучи договор за  „физичко, техничко и патролно обезбедување на објекти на државната управа“ во времетраење од три години во вредност од околу 3 милиони евра. На оваа јавна набавка конкурираа четири фирми, што не беше случај во изминатите шест години, кога само една фирма која конкурирала, секогаш го добивала тендерот на максималната вредност. Избраната компанија има доставено сериозно висока банкарска гаранција во висина од 20 милиони денари, стои во реакцијата.

Жалам, пшува Томовски, што наместо да се нагласи заштедата од 30 милиони денари за државниот буџет, што не било случај во минатото, јавноста се дефокусира со неосновани обвиненија адресирани на моја сметка. Одговорно тврдам дека во никаков облик не постојат мои роднински врски со сопствениците на избраната компанија.

Во однос на пишувањата и дел од прозивките за наводно наместениот тендер, тој резолутно ги демантирам ваквите наводи и ги посочува следните факти:

  • Факт број еден. Тендерот за обезбедување кое го спроведе СОЗР вметна за главен услов најниска цена, и внесе обезбедување на конкуренција во наддавањето што придонесе за истата работа од претходно, сега да се постигне пониска цена за половина милион евра и исто толку пари на граѓаните се заштедија во државниот буџет.
  • Факт број два. Добитникот на тендерот, компанијата „Праеториан“, на никаков начин не е поврзана со мене, ниту му припаѓа на некој мој роднина. Ова е чиста дезинформација и обид за манипулација на јавноста.
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Загинаа три лица во руски ракетен напад врз Харков

Дејан Дејан

Денес во Кочани деветти собир „Марш за ангелите“ посветен на жртвите од пожарот

Дејан Дејан

Православните христијани денеска ја одбележуваат Задушница

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе