Вести Македонија Топ вести

Пожар во старечки дом во Чемерско – сите лица спасени без последици

Нема починати или повредени во пожарот што во утринските часови изби со старечкиот дом во Чемерско. Сите 32 стари лица од домот се евакуирани на време и пренесени во болницата во Кавадарци, каде ја добиваат соодветната нега. Тие остануваат под постојан надзор се додека не бидат згрижени од нивните најблиски.

„Пренесени се 32 лица кои се во добра здравствена состојба. Не се опожарени, а во болницата ќе останат се додека не биде реновиран домот или не бидат пренасочени во некој друг. Сите се прегледани и сместени на третиот кат“, изјави д-р Гордана Ѓорчева Камчева, в.д директорка на ЈЗУ Општа болница Кавадарци.

Сцените од утрото според снимките биле страшни, но поради брзата реакција на пожарникарите и медицинските тимови, животите на старите лица беа спасени. Во спасувачката акција учествувале десетина пожарникари со три возила, поддржани од медицински и полициски тимови.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, ја пофали координацијата на службите, истакнувајќи дека навремената интервенција спречила поголема трагедија.

Пожарот ја уништи кровната конструкција на домот, кој неодамна беше изграден. Причините за избувнувањето на пожарот сè уште се истражуваат.

Тамара Марковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нова рунда преговори меѓу Русија и Украина утре во Истанбул

Дејан Дејан

(Видео) Руски авиони во пламен, мета воени аеродроми во пет области – Украина изведе операција „Пајакова мрежа“ што ја подготвувала 18 месеци

Дејан Дејан

(Видео) Делови од Скопје без вода поради зафат на „Водовод“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе