Вести Македонија Топ вести

Лиценците во детската заштита ќе се издаваат на македонски јазик – ако некој побара, ќе добие и на албански

Наместо двојазични, во областа на детската заштита ќе се издаваат лиценци на македонски јазик за сите, а доколку некој побара, ќе добие и лиценца плус, на албански јазик. Ова се измените на Законот за заштита на децата за кои владеачкото мнозинство постигна согласност, откако пред 20-тина дена, претседателката Сиљановска не го потпиша указот и побара доработка. Лиценците ќе се полагаат по електронски пат, а по потреба, кога електронскиот систем не е во функција, и писмено.

Ова е прифатливо и за коалицијата „Вреди“.

Амандмани предлагаат и од Левица кои бараат во член 9 став 2, зборовите „на јазикот што го зборуваат 20% од граѓаните да се сменат со зборовите „на еден од службените јазици и нивните писма во зависност од мајчиниот јазик на кандидатот“, додека во членот 10, оваа реченица целосно да се избрише.

Сиљановска Давкова непосредно пред Нова година, одби да го потпише указот за законот поради повеќе спорни одредби. Побара членовите 9 и 10 да се преиспитаат низ призма на амандманот 5 од Уставот и постоечкиот закон за употреба на јазиците.

Далиборка Демјанска Цветановска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сенатот го усвои „големиот прекрасен закон“ на Трамп

Дејан Дејан

Топлотен бран ширум Европа – повеќе земји бележат рекордни температури за овој период од годината

Дејан Дејан

Изборниот законик пример за различни предизвици во реформската агенда

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе