Вести Свет Топ вести

Кос: Северна Македонија треба да го промени Уставот за да напредува во пристапувањето кон ЕУ

Северна Македонија треба да покаже волја за промена на Уставот за да постигне напредок во процесот на пристапување кон ЕУ, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос на денешната дебата со членовите на Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент (АФЕТ).

„Се надеваме дека Македонија ќе ја исполни обврската за промена на Уставот и тогаш, сигурна сум, дека штом ќе почнеме да се движиме со Северна Македонија, исто така, и со поддршка на Бугарија ќе можеме продолжиме на тој пат“, изјави Кос во одговор на прашање на бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на дебатата.

Таа ја нагласи сложеноста на процесот на проширување, потенцирајќи дека се потребни 150 одлуки со консензус на членките на ЕУ за започнување и завршување на преговарачкиот процес на само една земја кандидат, но дека треба да се направи се за да се избегне билатералните прашања да влијаат на преговорите.

„Но, тоа веќе се случува и ќе се случува во иднина, па задача на сите нас е да ги решаваме кога ќе се појават“, истакна Кос.

Таа потенцира на проширувањето денес е поинакво отколку што беше пред пет години и постои огромна можност работите во овој процесот да се придвижат напред.

„Првпат по десет години постои реална перспектива дека во текот на овој мандат (на институциите на ЕУ) можеме да донесеме една, две или три земји до целта“, рече Кос.

Таа изрази надеж дека за време на актуелното полско претседавање со Советот на ЕУ, ќе бидат  отворени еден или два кластери со Украина и Молдавија, како и дека ќе се постигне напредок во преговорите по неколку поглавја и кластери со земјите од Западниот Балкан.

„Доколку земјите кандидати се држат до реформите за напредок, за време на полското претседателство можеме да видиме поголем напредок отколку во последните десет години“, нагласи Кос.

Еврокомесарката потенцира дека и покрај руската агресија врз Украина која донесе нова динамика во проширувањето, сепак тој процес и натаму останува заснован на заслуги.

Осврнувајќи се на амбициите на земјите од Западниот Балкан за членство на ЕУ, еврокомесарката за проширување најави дека неделава ќе ја посети Црна Гора, а во текот на февруари и Албанија.

„Го започнавме мандатот со отворање на еден кластер со Албанија и со затворање на три поглавја со Црна Гора… Ќе одам во Црна Гора оваа недела да го прославам нивното достигнување и да поттикнам понатамошен напредок за време на полското претседателство“, нагласи таа.

Според Кос, целите поставени од Црна Гора и од Албанија за затворање на сите поглавја во преговарачкиот процесот со ЕУ до крајот на 2026, односно 2027 година, се „многу амбициозни“, но не се и неостварливи.

Што се однесува до Србија, според Кос, таа мора да исполни одредени критериуми за отворање на преговорите по Кластерот 3, нагласувајќи дека сега ЕУ чека Белград да ги испорача реформите што ги вети.

Таа најави и иницијатива за организирање фудбалски, кошаркарски и ракометни натпревари меѓу тимови на земјите кандидати за членство и државите членки на ЕУ, со што би се дал нов поттик на проширувањето, надвор од преговорите по поглавја и кластери и спроведувањето на реформите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО/ВИДЕО Кармина Бурана во Софија- Филхармонија заедно со бугарските и грчките колеги изведоа маестрално за стоечки овации

Дејан Дејан

Трамп бара половина од рудното богатство на Украина за да почнат заеднички бизнис-Telegraph објави детали од американската понуда

Дејан Дејан

Украина, но и нормализација на односите меѓу Москва и Вашингтон – Лавров и Ушаков пристигнаа во Ријад

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе