Вести Свет Топ вести

Првичните неофицијални резултати покажуваат убедливо водство на Милановиќ

Во Хрватска денеска се одржа втор круг од претседателските избори на кој силите си ги одмерија актуелниот претседател Зоран Милановиќ и кандидатот за претседател од ХДЗ и коалицијата Драган Приморац.

Според првичните излезни резултати Милановиќ има убедливо водство пред својот противкандидат, а според пишувањата на хрватските медиуми за него гласале 78 отсто од гласачите.

За Приморац поддршка на изборите дале 22 отсто.

Во 19 часот се затворија гласачките места за вториот круг од претседателските избори во Хрватска.

Право на глас на претседателските избори имаа 3.769.000 гласачи, а се гласаше на 6.650 гласачки места во Хрватска и 105 во странство.

Првите гласачки места беа отворени вчера во 21 часот во Австралија, а последните денеска, во Лос Анџелес во 16 часот.

До 17 часот, излезеноста на гласачите, како што објави хрватската државна изборна комисија, изнесуваше 34,77%, што е помала излезеност во споредба со гласањето од пред две недели, кога до 16.30 часот гласаа 36,9% од гласачите.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Градоначалникот на Чучер Сандево за Телма тврди: состојбата со пожарот во општината е алармантна

Дејан Дејан

Топ Тема: ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ разменуваат обвинувања за политиканство и негрижа за настраданите во пожарот во Кочани

Дејан Дејан

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе